Привремено се запрени летови кон аеродромот ЛаГвардија во Њујорк

од Вести365.МК Ј.Р.

Американската федерална управа за авијација (ФAA) привремено ги прекина денешните летови од североисточниот дел на земјата, Охајо и други области до аеродромот ЛаГвардија во Њујорк, објаснувајќи дека чадот од шумските пожари во Канада ја намалува видливоста и влијае на другите летови во САД.

Дел од летовите најверојатно ќе доцнат во просек по 50 минути, а најмногу час и половина.ФAA најверојатно ќе треба да преземе дополнителни чекори за решавање на воздушниот сообраќај во Њујорк, Вашингтон, Филаделфија, Шарлот и Северна Каролина, јавија американските медиуми.

Слични објави