Премиерот очекува стабилно движење и во следниот период: Инфлацијата кај нас е пониска од европската

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговараше на новинарско прашање во однос на тоа какви се проценките за движењето на инфлацијата.

-Па видете, ние имаме два месеца коишто нѐ охрабруваат — тоа се јули и август. Во јули беше 2,3%, во август беше 2,6%, во услови кога во Европа во јули беше 2,9%, а во август 3,2%. Се сеќавате пред четири години, кога исто така имаше енергетска криза, нѐ убедуваа дека тогаш двојно поголемата инфлација кај нас споредена со таа во Европската Унија била затоа што била увезена инфлацијата, рече тој.

Премиерот посочи дека како Влада покажале дека тоа не е точно и дека тоа биле лажни кампањи.

-Дека можело нивото да биде под она коешто го има европскиот просек, и тоа со речиси двојно пониска инфлација. Сега ќе следиме во септември да видиме како ќе биде. Сѐ уште месецот трае, да почекаме Државниот завод за статистика да објави, па ќе можеме да коментираме. Ние исто така, се разбира, за наша потреба преку Државниот пазарен инспекторат правиме определени проценки, посебно на цените на прехранбените производи и на безалкохолните пијалаци. Тука очекуваме на годишно ниво таа да се движи меѓу 1,5 и 2%, според нашите првични проценки. Но да видиме каква ќе биде конечната бројка којашто ќе ја објави Државниот завод за статистика, рече Мицкоски.

Слични објави