Прва жена која направи богатство од 100 милијарди

Наследничката на „L’Oreal“, Франсоа Бетенкур Мејерс, стана првата жена која достигна богатство од 100 милијарди долари.

Ова ја прави 12-та најбогата личност во светот.

Бетенкур Мејерс се уште е далеку од францускиот колега Бернар Арно, кој е втор на листата на најбогати луѓе, со богатство од 179 милијарди долари.

Таа ја наследи компанијата по смртта на нејзината мајка Лилијан Бетанкур во 2017 година, за која се вели дека е најбогатата личност во Франција, пишува Би-Би-Си.

Франсоа Бетенкур Мејерс е потпретседател на управниот одбор на „L’Oreal“, а таа и нејзиното семејство се најголемите поединечни акционери на компанијата со удел од околу 35 проценти.

Компанијата која беше основана од дедото на милијардерката, се очекува да ги забележи своите најдобри перформанси на берзата во последните децении, а акциите на компанијата пораснаа на рекордно високо ниво во четвртокот во Париз.

Слични објави