Почувствуван земјотрес во Битола и Ресен, епицентарот во Грција

од Вести365.МК Ј.Р.

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 18 минути бил почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2,9.

Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични објави