Почина пациентката што го пријави аптекарот од Онкологија дека ѝ барал мито за биолошка терапија

Утрово починала Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“, објави Слободен печат.

Тие велат дека тажната вест ја потврдил нејзиниот сопруг и додал дека смртта настапила на Клиниката за пулмологија во Скопје.

Пред два дена се одржа рочиште за случајот за пријавата за поткуп кон аптеркарот, но Веизовска не била присутна поради влошување на нејзината здравствена состојба.

 Таа својот исказ го даде на почетокот на судскиот спор пред околу месец и половина и во него кажа дека аптекарот ѝ барал поткуп а во спротивно ѝ се заканувал дека терапијата за неа ќе ја нема и ќе му биде дадена на друг пациент.

Слични објави