Португалецот Нилтон Мело нов играч на РК Вардар 1961?!

По двајцата Срби кои се обврзаа дека следната сезона ќе настапуваат во црвено-црниот дрес, управата на РК Вардар е на добар пат да ја освежи екипата со талентиран ракометар од Португалија.

Станува збор за 20-годишниот Нилтон Мело, кој игра на позицијата лев бек и кој е поранешен португалски младински репрезентативец. Негов последен клуб е Виторија, каде што настапувал како позајмен играч од Спортигн Лисабон.

Вардар досега ги потврди новите засилувања – бекот Стефан Петриќ од Партизан и крилото Марко Срдановиќ од Металопластика. Најтрофејниот клуб сезоната ја заврши на третото место во македонскиот шампионат и, ако добие зелено светло од ЕХФ, ќе игра во квалификациите за Европската лига.

Слични објави