Порто успеа да го освои трофејот од Таса де Португал откако победи со 2:0 над Брага во финалето. Ова беше 19-ти пат како Порто го освојува овој куп. Откако ја загубија титулата од Бенфика, оваа титула доаѓа како утеха и потврда на добрите игри на плавобелата екипа.
Предноста за Порто најпрво дојде со автогол на Рикардо Хорта, а во финишот на натпреварот Отавио ја запечати победата. Мечот беше доста борбен, па така и двата клуба завршија со по 10 играчи на теренот.