Поранешната вереница на Метју Пери: „Тој беше комплициран и предизвикуваше болка“

од Вести365.МК | М.Т.

Моли Хурвитц, поранешната вереница на Метју Пери, се огласи на Инстаграм по неговата смрт. Младата продуцентка и актерот се верија во ноември 2020 година, а Пери тогаш ја нарече најдобра жена на планетата. Според пишувањата на таблоидите, тие неколку пати раскинувале и се помирувале. Конечно ја раскинаа веридбата во 2021 година.

Хурвитц објави фотографија од силуетата на Пери и напиша:

„Би му се допаднало колку светот сега зборува за неговиот талент. Беше навистина, навистина талентиран. Додека се ближеше повторното обединување на ‘Пријатели’, заедно ја гледавме серијата. ‘Леле, колку бев добар! Дали го виде тоа?’. Премотувавме и ги проучуваше сцените. Нашата почит кон хуморот беше нешто што не зближи. Тоа што бев со него кога повторно откри колку е брилијантен беше магично“, стои во емотивната објава и продолжува:

„Но, се разбира, го познавав овој човек на многу поинаков начин. Иако го сакав толку длабоко колку што можев да разберам, тој беше комплициран и предизвикуваше болка која никогаш не сум ја знаела. Никој во мојот возрасен живот немаше такво влијание како Метју Лагнфорд Пери и јас сум многу благодарна за тоа, за се што научив од нашата врска. Мети, чувствувам олеснување затоа што конечно си во мир“, заклучила таа.

View this post on Instagram

A post shared by Molly Hurwitz (@mollyhurwitz)

Да потсетиме, Метју почина во саботата вечерта на 28 октомври, а актерот бил пронајден во неговото џакузи во Лос Анџелес. Официјалната причина за смртта се уште не е позната.

Слични објави