Македонската одбојкарска сениорска репрезентација загуби во Шарлоа од Белгија со 3:0 во сетови. Белгијците ги добија сите три сета со тесни разлики (27:25, 25:23, 26:24).
Во првиот сет, Македонија имаше на два пати од пет поена предност, но не успеа да ја искористи, и на крајот дозволи дА го изгуби. Во вториот сет се играше поен за поен, а Белгија го доби со два поена предност. Во третиот сет, Македонија имаше можност да израмни, дури и поведе но на крајот загуби. Најефикасен играч за Македонија беше Н. Ѓоргиев со 17 поени.
Последен натпревар во ова четврто коло е дуелот помеѓу Хрватска и Украина. На табелата во групата „Б“ води Украина со девет бодови, пред Белгија со шест, Македонија има пет, а последна е Хрватска со еден.
Следниот натпревар на нашата репрезентација е против Хрватска, на гости на 14 јуни,