Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

од Вести365.МК Ј.Р.

Силно невреме проследено со дожд, грмежи и ветер попладнево околу 15.30 часот го зафати Скопје. Како што првично соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), паднати се повеќе дрвја и оштетени се коли. Засега нема пријави за повредени граѓани.

Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје, за постапување по пријавите за штети и опасности.

– На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности. Засега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3; кабли откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени 1 – соопштуваат од ЦУК.

Оттаму информираа за добиените пријави со конкретни адреси и места каде се случиле.

Слични објави