Поплавен аеродромот во Франкфурт, целосен хаос, откажани летови (ВИДЕО)

Хаотични сцени се снимени синоќа на аеродромот во Франкфурт, еден од најголемите и најпрометните во Европа, кој го погоди силно невреме проследено со поплави и вода до колена. Пистите биле поплавени, а на терминалите се појави „езеро“

Поради големите поплави на аеродромот, дошло до масовни доцнења и откажувања на летови, што предизвикало хаос на аеродромот.

Откажани биле најмалку 70 летови.

Претходната вечер во регионот наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен, пренесува Ројтерс.

Слични објави