Приватната фирма што го обезбедува М-НАВ доби засилување, нов тендер и полициска асистенција, по инцидентот на 4 јануари. Во меѓувреме се наметнува прашањето кој и како треба да ги обезбедува објектите од критичната инфраструктура.
Полицајци им помагаат на приватното обезбедување на државната компанија за воздушна навигација М-Нав, по инцидентите од 4 јануари, велат два независни извори за Радио Слободна Европа. Интервентна полиција и полицаец во цивилка, сега се дел од обезбедувањето на М-НАВ. Новиот тендер за обезбедување на М-НАВ е во рацете на компанијата 2СС од Кичево.
Потпис на склучениот договор ставиле поранешните директори Фахрудин Хамиди, Љубе Стаменковски и актуелниот Хасим Деари. Оваа компанија и на двата тендера до сега била единствен понудувач, покажуваат податоците од Биро за јавни набавки.
извор РСЕ