Лондонски Челзи новата сезона ќе ја дочека со Маурицио Покетино на клупата. Оваа очајна сезона едвај чекаат да заврши па од јуни да стартуваат од ново, и секако со аргентинскиот стручњак на клупата.
Според неофицијалните пишувања и според италијанскиот новинар Николо Шира, Покетино веќе прецртал неколку фудбалери кои не се вклопуваат во неговиот проект, а според некои шпекулации на неговиот список на отпишани се наоѓаат дури 10 фудбалери. Тоа се напаѓачите Кристијан Пулишиќ, Пјер-Емерик Обамејанг, Хаким Зијеш, дефанзивците Етан Ампаду, Рахман Баба, Маланг Сар, играчите од средниот ред Рубен Лофтус-Чик, Калум Хадсон Одои,и голманот Едуард Менди.
Интер и Милан се заинтересирани за Зијеш, додека Матео Ковачиќ би можел да заврши во Манчестер Сити. Обамејанг би се вратил во Барселона, Менди го бараат многу француски клубови. Хадсон Одои би можел да остане во Баер од Леверкузен, каде што е на позајмица, додека Лофтус-Чик е блиску до трансфер во Милан. Како најреална опција за Пулишиќ се споменува враќање во Борусија Дортмунд.
Претходно се зборуваше и за продажба или позајмица на “преценетиот” Михајло Мудрик, но за него ќе се почека доаѓањето на Покетино, па ќе се види што со него.