Познати противниците на нашите ракометари на ЕП!

Македонската машка ракометна репрезентација во континуитет е учесник на големите натпреварувања, а денеска во Диселдорф се одржа жрепката и ги добивме противниците за првата фаза од континенталниот шампионат.

Можеме да констатираме дека нашите ракометари повторно немаа среќа во жрепката, па за противници во првата фаза од континенталното првенство во А групата ја добија репрезентацијата на Франција, потоа домаќинот Германија и Швајцарија.

Според распоредот на стартот на 10-ти јануари противник ни е најтрофејната репрезентација во историјата, Франција, а тој дуел ќе го играме на стадионот Меркур Шпил во Диселдроф кој има капацитет од 50.000 места додека четири дена подоцна во Берлин ќе се соочиме со домаќинот Германија, а на 16-ти јануари се среќаваме со Швајцарија.

Пласман во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани репрезентација од секоја група. Европското првенство ќе се одржи од 10-ти до 28-ми јануари следната година.

Слични објави