Попладнево избувна пожар во скопската населба Карпош. Според информации на Телевизија Канал 5, очевидци изјавиле дека горат магацини на поранешната фабрика „Макотекс“.
Во гаснењето на пожарот покрај противпожарната бригада, ангажиран е и ер трактор.
Засега нема информации за повредени лица или за причината на пожарот.