Исчезнатата подморница Титан имала резерви на кислород околу 96 часа, кои членовите на екипажот сигурно ги снемале околу 13 часот денеска по локално време.
Подморницата Титан на OceanGate исчезна на околу 700 километри јужно од Сент Џонс, Њуфаундленд, во Атлантскиот Океан на 18 јуни. Според проценките на експертите, во тој момент во неа имало кислород околу 96 часа, за пет лица, колку што има во подморницата. Околу 13 часот и 8 минути по локално време, членовите на екипажот останале без резерви на кислород, доколку воопшто биле живи во тој момент.
Сепак, и тоа не е целосно сигурно, бидејќи како што истакнуваат експертите, снабдувањето со воздух зависи од повеќе фактори, меѓу кои и дали подморницата се уште има моќ и колку луѓето на неа останале мирни.
Имено, овој туристички брод тргнал на обиколка на потонатиот брод Титаник, во Атлантскиот Океан, на длабочина од околу 3.800 метри. Сигналот е изгубен само час и 45 минути откако тие нурнале, што би значело дека подморницата во тој момент била веднаш над остатоците на познатиот потонат брод, но не на дното на океанот.
Во подморницата се британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот богаташ Шахзада Давуд, неговиот син Сулејман и истражувачот Пол-Хенри Наргеолет, како и Стоктон Раш, извршен директор на OceanGate – компанијата зад оваа експедиција.