Повисоки плати за вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

од Вести365.МК Ј.Р.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти, започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година.

„Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул за поефикасно и поодговорно работење. Ние сме сервис на осигурениците и пензионерите, а нивното задоволство од услугите што ги обезбедуваме е наш секојдневен предизвик“, истакна директорот Никола Мемов.

Претставниците на синдикатите изразија задоволство од потпишувањето на овој Анекс, посочувајќи дека покачувањето на платите е важен чекор кон подобрување на стандардот на вработените и остварување на нивните права.

Слични објави