Побарано застарување на ТНТ – Груевски се спасува од 9 години затвор

Побарано застарување на случајот ТНТ и од страна на одбраната, но и од обвинителството на денешната јавна седница на апелација.

Случајот се водеше за уривањето на станбено-деловниот комплекст Космос на Фијат Цановски во Општина Гази Баба.

Адвокатот на одбраната Еленко Миланов по изјави дека побарале согласно измените на Кривичниот законик од септември годинава судот да утврди дека настапила апсолутна застареност на кривичното гонење во однос на сите обвинети.

– Истото го побара и застапникот на обвиненеието во неговото произнесување, кој повика судот по службена должност да го примени поблагиот закон и да донесе одбивателна пресуда – изјави адвокатот Миланов.

Според него сега Апелација треба да ја преиначи првостепената пресудата, на тој начин што ќе донесе пресуда со која се одбива обвинението поради апсолутна застареност.

Во првостепената пресуда за ТНТ за уривањето на „Космос“ поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години затвор, а поранешниот министер за транспорти врски,  Миле Јанакиески на три години затвор.

 Обвинетата Елисавета Најдовска е осудена на четири години затвор, а исто толку доби и Тони Трајковски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба. Ним им се судеше за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а според обвинението во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на станбено-деловниот комплекс.

Цаноски како сопственик на компанијата „ФИНЕ“ вчера на прес-конференција обвини дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата.

Од Апелацискиот суд реагираа дека судечкиот совет постапува согласно Законот за кривична постапка. На првата јавна седница во на 8 мај членовите на советот ги разгледувале и ги оценувале жалбите.

Поранешниот министер Јанакиевски на првата јавна седница на Апелација процени дека во пресудата за ТНТ има многу пропусти и побара да биде ослободен или предметот да биде вратен на повторно судење, затоа што на денот на објавување на пресудата бил осуден на три години затвор, а писмено е осуден на три години и шест месеци.

Слични објави