ПМФЛ: Струга Трим Лум е шампион на Македонија!

Струга Трим Лум со денешната победа од 3-0 против кратовски Силекс, и победата на Шкупи во Скопје од 2-1 во дербито со Шкендија, го реши прашањето во борбата за титула во Македонската прва лига. Можеме да заклучиме дека првенството е решено и титулата оди кај стружани.

Струга имаше брилијантен старт на сезоната со девет победи од девет меча, тогаш водени од Срѓан Захариевски испишаа историја, во завршницата направија тренерска смена, го донесоа Шпетим Дуро и со него денекса се крунисани за шампиони.

Стружани се деветтиот првак на Македонија  од осамостојувањето и имаат шанса да ја освојат и двојната круна доколку триуфмираат во националниот куп каде играат против екипата на Македонија ЃП.

Слични објави