Годинава, според параметрите, би требало да се надмине бројка на туристи и промет кои се реализирале во Охрид, но сумираните резултати ќе ги имаме кон крајот на годината, вели градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков за „Студио 10“
Полека, но сигурно Охрид зад себе ја остава една од поуспешните сезони во текот на последните години, додава тој. Градоначалникот е задоволен и додава дека согласно најавите за исполнетоста на хотелско – угостителските објекти посетители ќе имаме и до средината на следниот месец.
– Во првата половина од годинава бројот на странски туристи пораснал за 46,8% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-јуни 2023 година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,8 %. – вели Пецаков.
Кај домашните туристи има намалување за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 32,9 %. Во јуни се регистрирани над 110 илјади туристи, од кои 23,5 % биле домашни, а 76,5 % биле странски. Од странските туристи најбројни биле Турците, пред Србите и Полјаците.