Актуелниот претседател Стево Пендаровски веројатно се откажа од трката за вотр мандат, односно за повторна кандидатура за претстојните претседателски избори.
Тој денеска изјави дека не размислува да кандидира за следен претседателски мандат.
Пендаровски негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат, без да даде повеќе образложение.
Шефот на државата присуствуваше на отворениот форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.