Претседателот Стево Пендаровски нема да ги коментира можни решенија за носење на уставните измени за кои се разговараше на вчерашната лидерска средба на која се состанаа премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски велат од претседателскиот кабинет за Канал 5
Претседателот нема да коментира затоа што на лидерската средба не е постигнат договор во однос на ниту еден од понудените предлози, кусо одговорија од кабинетот на нашето барање за коментар на предлозите кои ги изнесоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.