Патот кон Бугарија поскапе за 31 милион евра

Автопатот Кичево Охрид можеби стана најскап, но не е единствен кој црпи дополнителни пари или задолжувања. Поскапе и патот за Бугарија, односно до Деве Баир.

Тој ќе се довршува со нови законски измени за дополнително финансирање. По скратена постапка преку Собранието ќе се бара од Светска банка дополнителен кредит од 31 милион евра, пренесе Фактор.

Во 2023 година датумот за затворање на проектот е продолжен до 30 септември 2025 година. Актуелните договори за државниот пат кој гравитира околу Крива Паланка со Страбаг, Гранит и Бетон, претпријатие кое е во процес на стечај, истекуваат во мај следната година.

„Во фазата на реализација на проектот се појавија непредвидени работи, стабилизација на косини во усеци, појава на рударски тунели на самата траса, драстично покачување на цените на градежните материјали и слично, поради што се јави потребата од обезбедување на дополнителни финансиски средства, кои е проценето дека изнесуваат 45 милиони евра, со што вкупната вредност на проектот се зголемува и изнесува 118 милиони евра“, пишува во објаснувањето на предлогот.

Слични објави