Парно во Скопје ќе има од недела иако цевководот под Беласица ќе биде пуштен во декември

Новиот цевковод за топлинската енергија кој минува под мостот „Беласица“ ќе биде пуштен во употреба помеѓу крајот на ноември и почетокот на декември, но тоа нема да влијае врз новата грејна сезона во Скопје која почнува в недела на 15 октомври.

Александра Маројевиќ, помошник директор на ЕСМ за производство, дистрибувија и снабдување со топлинска енергија, за „А1он“ истакна дека засега се работат подготвителни работи и со Град Скопје постигнат договор за се. Наскоро ќе се излезе на терен за да се почне со замена на водот.

– Работиме подготвителни работи. Со Градот Скопје е постигнат договор, само се прават некои дополнителни активности во однос на некои набавки и многу брзо ќе излеземе на терен. Кога ќе излеземе на терен, ќе дадеме проценка кога ќе биде тој цевковод пуштен во употреба. По моја проценка тој би бил во функција помеѓу крајот на месец ноември и почетокот на декември – рече Маројевиќ.

Слични објави