Денес потпретседателот на Судски совет и го одзеде зборот на претседателката на Советот и продолжи да ја води седницата, па ја разреши спротивно на Закон и Деловник, реагира професорката Ана Павлова Данева.
Ова следува откако со седум гласа ЗА, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева беше разрешена од функцијата, а раководењето на седницата го презема нејзиниот заменик, Селим Адеми.
Според Павлова Данева сите молчат!
– Утре може да се случи првиот (или вториот, третиот…) вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата! Сите пак ќе молчат! И него ќе го пуштат низ вода. Битно нивните функции, паушали, хонорари да останат нечепнати, пишуваа таа на Фејсбук.