Оставил проштално писмо: Ова се деталите за убиството и самоубиството во Демир Капија

од Вести365.МК Ј.Р.

МВР потврди дека утрово се пронајдени две тела во нивните станови во зграда во Демир Капија, каде претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.

„Денеска (16.05.2023) во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“ , соопшти МВР, пренесе Макфакс.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.

Слични објави