Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека мнозинството Европејци не ја поддржуваат војната и дека се ближи времето кога Европа ќе го прифати ставот на Будимпешта, која се залага за мир.
„Повеќето Европејци не поддржуваат војна. „Можеби тие морално ја поддржуваат Украина, бидејќи Украина беше нападната, а Русија е агресорот, и тие сакаат правда, но тие се поделени околу прашањето што треба да се направи и што може да се направи“, рече Орбан во интервју за радио станицата Кошут. Унгарија е на добар пат, во морална и политичка смисла, и дека во многу западни земји граѓаните „порано или подоцна“ ќе ги соборат владите кои промовираат војна, пренесува МТИ.
Тој изјави дека Унгарија никогаш нема да влезе во војна со Русија и нема да дозволи да биде вовлечена во украинскиот конфликт, пренесува Танјуг.
Тој предупреди дека е неопходно да се спречи планираната украинска контраофанзива бидејќи таа само ќе доведе до нови жртви, пред се на украинската страна.„Извршувањето стратешки офанзиви од големи размери е крвопролевање. Дури и некој како мене, кој има само година и пол искуство во армијата, знае дека напаѓачката страна може да има три пати повеќе жртви од одбраната“, изјави Орбан.
Тој посочи дека, пред Украинците да започнат контранапад, треба да се направи се за да се постигне прекин на огнот и да започнат мировни преговори.