ОН: Најмалку 70 отсто од Палестинците во Газа се раселени поради војната

од Вести365.МК Ј.Р.

Околу 70 отсто од населението на Појасот Газа, речиси 1,5 милиони луѓе, се раселени од почетокот на војната со Израел, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА).

Десетици итни засолништа во кои се сместени стотици илјади Палестинци понекогаш се пренатрупани и за четири пати, а условите во некои од нив се влошуваат од ден на ден, наведува Агенцијата на ОН.

Во едно такво засолниште едно лице користи површина помалку од два метри квадратни. Покрај тоа, најмалку 600 луѓе се принудени да користат еден тоалет, што резултира со илјадници случаи на заразни болести, дијареа и сипаници.

Слични објави