Од невремето во Гостивар поплавени се куќи и дворови

од Вести365.МК Ј.Р.

Невремето со пороен дожд и град, кое денеска ги зафати Гостивар и околината, предизвика поплави во куќи, подруми и дворови, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Во селото Беловиште се поплавени неколку куќи и патот во селото. Во населбата Циглана во градот, водата оди од планината и постои опасност од поплавување на куќи. На улицата „Беличица“ поплавена е куќа со помошни објекти, а на улицата „Трајко Јовановски“, поплавени се подрумски простории од куќа“, велат од ЦУК.

Фотографии и снимки од последиците на невремето во Гостивар објави метеорологот Славчо Поповски на својот Фејсбук профил:

Фото: gostivarpress.mk

Слични објави