Одложени се мировните преговори за Украина во Лондон

од Вести365.МК Ј.Р.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека мировните преговори за Украина со американски и европски колеги на министерско ниво, кои беа закажани за денеска во Лондон, се одложени.

Во краткото соопштение на британското Министерство за надворешни работи, се наведува дека наместо закажаниот министерски состанок, ќе се одржи средба зад затворени врати, без присуство на медиуми, кои ќе ја анализираат „внимателно формулираната изјава дадена доцна синоќа од министерот за надворешни работи Дејвид Лами по разговорите со американскиот државен секретар Марко Рубио“.

Рубио претходно го откажа учеството на денешните преговори.

Слични објави