За починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување, рече министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми за време на Втората Ренална експертска академија што се одржува во Скопје.
Тој рече дека сѐ уште не го видел извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот во текот на вчерашниот ден спроведе вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија – Скопје, по издадена наредба од министерот Таравари, а во врска со третманот и лекувањето на сега починатиот пациент T.A од Скопје.