Риби
Рибите лесно се врзуваат и често „паѓаат“ на секој што им ја држи вратата отворена или им дава комплименти од срце. Тие бараат љубов и ја наоѓаат каде и да погледнат. Ќе се заљубат повеќе пати пред да ја најдат личноста со која што треба да бидат, а тоа значи дека ќе мора да пропатат од скршено срце и неизвесност. Ќе мора да се подигнат од подот и да се обидат повторно, но не се откажуваат од надежта дека ќе ја најдат вистинската личност, бидејќи еден ден вистински ќе ги запознаат. Сепак, пред тоа ќе имаат некои неуспешни врски за да го најдат она што отсекогаш го барале.
Вага
Вагите секогаш го држат своето срце отворено за љубов, ќе се заљубуваат во разни луѓе во текот на животот бидејќи во секого гледаат убавина. Тие ги игнорираат своите недостатоци за да се фокусираат на доблестите на секоја личност околу нив. Иако можеби некое време нема да ја запознаат својата сродна душа, нивните други врски сепак ќе бидат нешто што ќе го негуваат на крајот.
Сфаќаат дека некој не мора да биде постојан дел од нивниот свет за да биде важен бидејќи привремените љубови се исто толку убави. Имено, сите овие љубови се подеднакво пресудни во обликувањето на нивното постоење. Вагите толку многу сакаат да се заљубуваат што тоа се случува постојано, не можат да си помогнат. Тие уживаат во друштвото на речиси сите што ќе ги сретнат, па секогаш наоѓаат нешто што им се допаѓа кај луѓето околу нив.

Лав
Лавовите сакаат голема, возбудлива романса – и ќе ја најдат многу пати во животот. Сакаат да се чувствуваат посакувано, па уживаат во времето кога работите се свежи, нови и возбудливи. Лавовите ќе се оддалечат од погрешната личност откако ќе згаснат искрите, но ќе се држат до вистинската личност дури и откако ќе помине фазата на меден месец.
Но, затоа можеби ќе им треба одредено време за да најдат личност со која ќе се врзат и ќе останат во врска со години. Тоа ќе биде личноста која прави да се чувствуваат посебно, дури и кога врската ќе стане удобна.
Близнаци
Близнаците мора да ги истражат своите опции бидејќи не знаат веднаш каков тип на личност најмногу им одговара. Мора да се обидат и да не успеат неколку пати и да излегуваат со луѓе кои можеби се сосема погрешни за нив, за да сфатат на кои квалитети им се восхитуваат и кои не можат да ги издржат кај партнерот.
Имено, им треба искуство кое ќе ги води понатаму и ќе им овозможи да знаат кого бараат. Иако можеби ќе им треба малку време да најдат некој кој добро им одговара, тоа не значи дека нивните минати љубови биле залудни. Тие им помагаат да преземат чекори во вистинската насока. Нивните минати љубови ги учат на важни лекции за тоа каде треба да ја насочат својата енергија во иднина. Така, тие не можат да ја најдат вистинската личност без да воспостават врски со неколку погрешни, пишува Collective world.