Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.
1
Двајца руски полковници загинале на фронтот во Украина
2
Шолц му е благодарен на Зеленски што ги бранел европските вредности
3
Зеленски пристигна во Берлин
4
Додека Украинците настапуваа на Евровизија, Русија го гранатираше нивниот роден град
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно, врнежливо и потопло време
М.Д.
Пред 30 минути
Дождливо време
Дождливо време / фото: Слободен печат / Драган Митрески
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно време, претежно попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната утринска температура ќе се движи до 11 степени, а максималната дневна до 21 степен.
И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Особено вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер (над 60 км/час)
Во Скопје променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер.