Обид за киднапирање на жена среде бел ден во Париз

од Вести365.МК Ј.Р.

На улиците во Париз утрово се случил обид за киднапирање на жена, кој е забележан на видео од минувачи. Како што пишува „Ле Паризиен“, жената таргетирана од киднаперите наводно е ќерка на извршен директор на платформа за тргување со криптовалути.

Според полициски извор, жената била со своето двегодишно дете кога се случил обидот за киднапирање, а сè уште не е познато како детето успеало да избега додека грабнувачите се обидувале насилно да ја внесат неговата мајка во комбето.

На видеото се прикажани маскирани напаѓачи како се обидуваат да киднапираат жена, влечејќи ја низ улицата, додека маж, наводно татко на нејзиното дете, се обидува да ја спаси.

За среќа, киднаперите биле неуспешни благодарение на храбрата интервенција на таткото на детето, пишува „Ле Паризиен“ додавајќи дека според информациите, комбето на грабнувачите е пронајдено празно, на улица во истата општина.

Слични објави