Обемна акција на БЈБ за корупција во здравствениот систем

од Вести365.МК Ј.Р.

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем, дознава КУРИР.

Неофицијално се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.

Неофицијално, се работи за мрежа составена од преку 50 лица:  доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице,  управител на консултантско биро), претреси се прават и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.

Министерството за внатрешни работи преку Бирото за Јавна Безбедност продолжува одлучно без задршка со решителна борба против организираниот криминал и корупцијата без да има заштитени или привилегирани, со една единствена цел изведување пред лицето на правдата на секој кој што работи незаконски, заштита на јавниот интерес, владеењето на правото и унапредување на интегритетот на институциите.

Слични објави