Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Љупчо Николовски, по потпишувањето на Договорот за новото ортофотоснимање, истакна дека овие снимки се еден од методите кои ќе и помогнат на Платежната агенција во новиот модел на вршење контрола што почнува годинава.
Ќе се ажурираат податоците за сите рефернтни земјишни парцели, со што точно ќе може да се утврди употребата на земјиштето. Пријавувањето, пак, за финансиска поддршка ќе може да се врши само за парцелата на којашто е утврдена употреба за земјоделска дејност на тоа тоа земјиште.
Платежната агенција има можност уште во процесот на поднесување на барањата да врши административни проверки за големината на пријавената површина и за добиениот код за употреба на земјоделскто земјиште. На овој начин, нагласи Николовски, даваме можност да се намали ризикот од пријавување за финансиска поддршка на земјиште што не е обработено, што е во согласност со новиот модел и новите политики на субвенционирање.
-Новите ортофотоснимки претставуваат и основа за успешно извршување на контролите од страна на Платежната агенција коишто од годинава почнуваат со користење на најнови сателитски далечински методи. Користењето на новите ортофотоснимки заедно со новиот моедел на контрола од Платежната агенција елиминира можности за користење финансиска поддршка за земјиште што не се обработува, рече Николовски.
Тој очекува значително зголемување на ефикасноста при контрола на сите мерки поврзани со површините. Најавува дека со најновите снимки на земјоделските површини ќе бидат ажурирани и податоците на референтните парцели во нашиот систем со што би се намалиле можните грешки при поднесување на барањата по површина, а истовремено би се забрзало и одобрувањето на исплатата.
-Новите ортофотоснимки се неопходна и за надградување на системот за контрола со новиот модел мониторинг за следење на сите земјишни парцели преку сателитски снимки. На овој начин нашето земјоделство го усогласуваме со заеднилчката земјоделска политика на ЕУ, рече Николовски.
Како што појасни, значењето на ортофотоснимките е огромно, пред се, за водење и ажурирање на регистрите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и при управување и креирање земјишната политика во овоштарството, поледелството, лозарството, управувањето со државното земјоделство земјиште, како и во делот на шумарството и водостопанството.
Новите дигитални ортофотокарти што ќе бидат изготвени во иднина ќе најдат примена и во геодезијата, катастарот, урбанизмот, заштитата на животната средина,кризн иот менаџментм, одбрана на државата.