Тука растат насмевките. Кога се слуша детска смеа – знаеме дека сме на вистинскиот пат. Во Горно Лисиче, Ново Лисиче, Населба Лисиче, Реонски Центар, Јане Сандански, Стар Аеродром и Острово градиме нови детски игралишта, информираше денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
„За нашите најмали – за нивните соништа, игрите без крај и детството што ќе го паметат. Имаме уште многу за работа, но тука не застануваме. Уште посилно, посветено, мотивирано ќе работиме за сите нас. Зошто Аеродром е наш дом, истакна Митески во својата фејсбук објава.