Нови детали за заседата во Атина во која убиени се 6 странски државјани

Во вооружениот инцидент што се случи вчера доцна попладне во населбата Артемида во Атина, Грција непознати лица убиле шест странски државјани кон кои испукале 25 куршуми, јавува Прототема.

Полицијата трага по мотор и црн автомобил во кои наводно побегнале сторителите.

Грчките медиуми објавија дека полициските радио станици добиле информации за пукање во кое на крајот животот го загубија шест лица.

Пет жртви биле пронајдени во возило со германски регистарски таблички и уште една пред возилото.

Според првите информации, се работи за меѓусебна пресметка.

Слични објави