Светкиот рекет број1, Новак Ѓоковиќ со две победи по ред се пласираше во осминафиналето на турнирот во Рим. Во првото коло се помачи но сепак го победи Томас Ечвери, и денес не беше убедлив, но сепак успеа да го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6:3, 4:6 и 6:1.
Победникот се решаваше во третиот сет во кој Ѓоковиќ го покажа својот квалитет и издоминира. Во вториот сет Ѓоковиќ имаше најлош период, додека во третиот сет Димитров попушти и освои само еден гем. Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Камерон Нори и Мартон Фучович.