Новак победи и испрати емотивна порака!

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, по победата над Томаш Мартин Ечевери во Рим, испрати емотивна посвета на жртвите од трагедијата во Белград пред девет дена, трагедија каде што загинаа осум деца и еден чувар.

Тој ја испрати својата поддршка на родителите на загинатите деца на денот на свети Василиј Острошки и на камерата на теренот нацрта срце и напиша „Свети Василије Остроски, моли се на Бога за нас. ОУ„ Владислав Рибникар“.

Потоа во интервјуто, Ѓоковиќ со солзи во очите иго зрази свое сочувство до родителите на загинатите деца и изјави дека како татко може да замисли како се чувствуваат. Тој заврши со честитка за денот на свети Василиј Острошки. За цло време пред камерите, Ѓоковиќ беше вознемиран од злосторството и ја изрази своја надеж дека семејствата ќе го пребродат тоа.

Српската легенда денес имаше и средба со уште една легенда, овојпат фудбалка, го посети Жозе Мурињо на утринскиот тренинг во „Форо Италико“.

Слични објави