Николоски на средба со Вархеји во Брисел: По парламентарните избори ќе работиме Македонија ден поскоро да стане членка на ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекандар Николоски денеска е во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што оствари средби со комесарот за проширување, Оливер Вархеји, воедно и се со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти

На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.

Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив.

И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ, изјави Николоски.

Слични објави