Николоски: Бугари во Албанија нема, има само Македонци од кои ненародната власт се откажува!

од Вести365.МК | М.Т.

Бугари во Албанија нема! Има само Македонци од кои ненародната власт се откажува, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на отворањето на бугарско училиште кај Македонците во Елбасан.

Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината, истакна Николоски.

Потенцира дека Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе.

– За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава, напиша Николоски.

Слични објави