И денеска молк од судскиот совет, и натаму нема датум за нова седница на која членовите на советот ќе треба да го изберат заменикот на разрешената претседателка Весна Дамева. За шефот на државата Стево Пендаровски ваквата состојба во советот е неприфатлива, тој рече дека нов претседател треба да се избере час поскоро, а актуелните случувања во советот ги оцени како темна дамка врз целото демократско досие на државата.
Од друга страна пак министерот за правда денеска изјави дека се уште не го добил Записникот од седницата на судскиот совет, која се одржа на 26 април, а на која беше разрешена Дамева. Лога истакна дека не сака да навлегува во оваа проблематика се додека на хартија не го добие она што го побарал како министер.
Судскиот совет вчера втор пат ја одложи седницата на која требаше да гласа за избор на нов претседател, при тоа не беше наведената причината за одложување. Доскорешната претседателка Весна Дамева беше во тензична атмосфера и според мислењета на правните експерти, во незаконска постапка. Нејзиното разрешување го иницираше заменикот Селим Адеми, предлог кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот.