Во светлината на невидените горештини што го зафатија Балканот во последните денови, луѓето се соочени со предизвикот како да се разладат и заштитат од високите температури.
Бидејќи сончевите зраци немилосрдно горат и температурите го достигнуваат својот врв, носењето кратки шорцеви станува се почеста глетка на градските улици. Сепак, многу државни институции не дозволуваат влез на луѓето доколку се несоодветно облечени, како во овој случај облечени во шорцеви.

На социјалните мрежи кружи неверојатна приказна и фотографија која наводно била направена во зградата на фондот на ПИО во Мостар.
Имено, господинот не смеел да влезе во оваа зграда бидејќи носел шорц. Видно изнервиран и исфрустриран од таа одлука, господинот отишол во блиската продавница и купил фустан. Го облекол фустанот и повторно влегол во зградата на Фондот на ПИО, но овојпат не му направиле проблем.