Во пукањето во основното училиште во Белград загинале најмалку осум деца, пренесува Б92. Како што објавија српските медиуми, наставничката повредена во пукањето починала од повредите во Ургентниот центар, јавува српскиот медиум.
Во таа институција била примена заедно со тројца ученици, јави РТС.
Тројца повредени ученици се во болница, од кои едниот е во операциона сала и животот му е во опасност, изјавија претходно за „Танјуг“ во таа установа.