НБА: Феникс Санс и Крис Пол се разделија!

НБА клубот Феникс Санс го прекина договорот со Крис Пол. Легендарниот плејмејкер заминува од франшизата на „сонцата“ и е во потрага по нова средина.

Иако постоеше можност за продолжување на соработката на уште една година за 30,8 милиони долари, сепак до тоа нема да дојде. Напротив, Феникс е подготвен да му плати 15,8 милиони на Пол за тој да замине предвреме.

38-годишниот кошаркар мина три сезони во редовите на Санси, беше еден од главните играчи во походот до НБА финалето во 2021 година, но никогаш го нема освоено шампионскиот прстен. Пол во кариерата беше дванаесет пати „Ол-стар“, а сега треба да пронајде нов клуб.

Се споменуваат повеќе тимови, но Пол би прифатил само екипа која ќе се бори за врвот. Со најголеми шанси да го доведе искусниот плејмејкер се Лос Анџелес Лејкерси, каде што би се обединил со својот пријател Леброн Џејмс.

Слични објави