НБА пред трасфер лудило, Ембид и Харден ја напуштаат Филаделфија?!

Тимот на Филаделфија се соочува со бурен период откако беше елиминиран во полуфиналето на Истокот од посилниот тим на Бостон. Оваа неуспешна серија ги заврши и сите илузии за конференциско финале, што доведе до отказ на тренерот Док Риверс по седмиот натпревар. За Риверс, тоа беше 10-ти пораз во седми натпревар во плеј-оф серија и постави негативен рекорд во НБА.

Следниот за кој се шпекулира дека би можел да замине, е кошаркарот Џејмс Харден. Последните денови се појавија новинарски шпекулации за можно враќање на Харден во Хјустон. При доаѓањето на Удока како нов тренер, се отворило и прашање за враќање на Харден во Хјустон. Харден има лични и бизнис врски во Хјустон, што допринесе на овие шпекулации.

Но, распадот на Филаделфија не би завршил тука. Името на Џоел Ембид се поврзува со можна преселба во Њујорк Никси. Иако информацијата беше пренесена од новинарот на “Њујорк Дејли Њуз”, Стефан Бонди, не е сигурно дали можеме да ја сметаме за сигурна, бидејќи не е еден од најдоверливите извори за НБА вести.

Засега е потврдено само заминувањето на Риверс, па ќе видиме каков ќе биде исходот во наредниот период.

Слични објави