Еден од нападнатите вработени во М-НАВ бил уапсен вчера на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата.
Тој се барал за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“.
Како што соопштуваат од МВР, при извршување на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка
-На 06.01.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б.(39) од Скопје. Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, стои во соопштението на МВР.
Инаку за нападот во М-НАВ по четворица се трага, додека четворицата меѓу кои кои и Беким Незири не добија мерка притвор од судот.