Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Тексас

од Вести365.МК Ј.Р.

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Тексас, на југот на САД, објавија локалните власти доцна синоќа и додадоа дека сè уште има исчезнати.

„Можам да потврдам дека 24 лица загинаа“, рече претставникот на полицијата и додаде дека меѓу жртвите има деца и дека околу 20 лица се водат како исчезнати.

Според Националната океанска и атмосферска администрација, нивото на локалната река се зголеми преку ноќ од два стапки на повеќе од девет стапки по врнежите.

Метеоролошката служба издаде предупредување за поплави за јужно-централниот округ Кер, повикувајќи ги жителите да избегнуваат патувања, а оние што живеат во близина на реката да се преселат на „повисоки места“.

Во средината на јуни, најмалку десет лица загинаа поради поплави во Сан Антонио, Јужен Тексас, по поројните дождови.

Слични објави