Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот производител на луксузни стоки LVMH Бернар Арно, изгубил 10,39 милијарди евра за ден.
Според Блумберг, Арно ја загуби оваа сума во вторникот по значителниот пад на цените на акциите. Берзите во САД паѓаат, а особено губи секторот на луксузни стоки.
Акциите на компанијата Луј Витон паднаа за 5,0 отсто, на компанијата Ерме за 6,54 отсто, а на компанијата Керинг, сопственик на Гучи, за 2,97 отсто.
Пазарите се загрижени поради неизвесната побарувачка за луксузни стоки во САД, пишува Блумберг
Бернард Арно и понатаму е најбогатиот човек на светот, а индексот на милијардери на Блумберг (BBI) го проценува неговото богатство на 178,12 милијарди евра.
Разликата меѓу Арно и вториот најбогат човек на светот, шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.